Папата Лав XIV со помош за Венецуела, 100 илјади евра како почетен придонес за поддршка на настраданите од земјотресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Папата Лав XIV испрати 100 илјади евра итна помош за Венецуела, која беше погодена од смртоносен земјотрес што предизвика сериозни последици врз населението и инфраструктурата. Според Ватикан, оваа сума претставува почетен придонес за поддршка на хуманитарните операции и семејствата погодени од катастрофата.

Медиумите известуваат дека Венецуела била погодена од два силни земјотреса со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени според Рихтеровата скала, при што загинале стотици лица. Покрај Католичката црква, помош за земјата понудиле и неколку држави и меѓународни организации, меѓу кои САД, Иран, Куба и Европската Унија.