Две деца кои исчезнаа пред речиси една година се пронајдени во продавница во САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две киднапирани деца од Мисури се пронајдени во супермаркет на Флорида, откако исчезнале речиси една година, соопшти полицијата, пренесува NBC.

Двете деца се исчезнати од 15 март 2022 година, според полицискиот оддел на Хај Спрингс, Флорида. Тие беа пронајдени во Winn-Dixie во Флорида со нивната мајка, која го изгубила старателството над нив.

Мајката е приведена по активен налог за киднапирање. Полицајците успеале да ги лоцираат двете деца откако извршиле рутинска проверка на ознаките на автомобилот на нивната мајка. Децата беа предадени на Одделот за деца и семејни услуги на Флорида и ќе бидат вратени на нивните семејства во Мисури.