Дојде време Албанците во Северна Македонија да ја побараат премиерската функција, рече синоќа во „Клик Плус“, историчарот и аналитичар, Арбен Лала, коментирајќи ја идејата на ДУИ – Албанец да раководи со извршната власт. Ова, како што вели Лала, може да се постигне и на претстојните избори.
„Ако албанската партија, односно една албанска партија добие 12-15 пратеника, било Алијанса, ДПА, или пак Беса, можат да ја условат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – сакате Влада, но ова е условот – две години ваш премиер, две години наш. Нели Северна Македонија е заедничка држава?“, истакна Албен Лала.
Активистот Аријанит Џафери, рече дека е време за премиер Албанец, но тој да не биде по предлог на Али Ахмети, набројувајќи неколку прашања кои требало да бидат решени од раководството на ДУИ, но не е направено ништо.
„Ако мислиме дека премиерот Албанец ќе ги реши маките на Албанците, jас прашувам – зошто овие министи Албанци не ги решија проблемите на Албанците во ресорите со кои раководеа? Ова е прашањето кое го поставувам!“, посочи Аријанит Џафери
Ваљон Бела од Движењето „(по)Инаку“, повика албанските партии да бидат пример за соработка и кога станува збор за идејата за премиер Албанец, како што правеа со важните процеси за државата.
„Кога станува збор за историските моменти, како на пример уставните измени, членството во НАТО, промените за името на државата, договорот со Бугарија и Грција, тие го положија испитот. Јас мислам дека партиите треба да размислат, бидејќи не станува збор секогаш за политичка трка, која вообичаено е бајата и ги изморува граѓаните“, истакна Ваљон Бела.
Владејачката ДУИ, веќе побара поддршка од сите, вклучувајќи ги и другите албански партии со цел Северна Македонија да го добие првиот премиер Албанец. Албанските субјекти не ја оспоруваат идејата, но сепак ја толкуваат како потег за политички поени пред избори, поради страв од пораз.
