Две години од големата железничка несреќа во Грција, денеска протести низ земјата за правда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две години од железничката несреќа во Грција кај Темпи, во која загинаа 57 патници, откако се судрија два воза.

Грците се присетуваат на трагедијата со демонстрации и генерален штрајк низ целата земја. За денеска се најавени штрајкови низ цела Грција. Бродовите ќе останат во пристаништата, авионите нема да летаат, возовите исто нема да собраќаат. Дури и продавниците нема да работат неколку часа. И Грците кои живеат во дијаспората ќе се приклучат на протестите.

Барањето е правда за жртвите во најтешката железничка несреќа во историјата на Грција.

Вчера опозицијата истакна дека ќе побара гласање за недоверба на Владата идната недела, поради тоа што во извештајот стои дека властите имаат вина за несреќата.