Две лица избодени после кошаркарски меч во Косово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После кошаркарскиот натпревар помеѓу Трепча од Косовска Митровица и Голден Игл од Сува Река, кој бил одигран во четвртокот навечер, две лица завршиле со убодни рани. Веста за „Кланкосова“ ја потврди порпаролот на полицијата за Митровица, Авни Захити кој рекол дека двете лица се задржани на болничко лекување.

„Околу 21 часот и 30 минути било пријавено дека две лица повредени од остар предмет побарале помош во Ургентното одделение на Регионалната болница во Митровица. Надлежните полициски единици го истражуваат случајот – рече Захити

Инцидентот се случил во тоалетите во салата по завршување на финалето на кошаркарското финале во плеј-офот на Косово. Трепча ја освои титулата победувајќи минимално со 67-66, и ја освоија петтата титула во историјата.