Две лица меѓу кои и дете во тешка состојба откако автомбил влета на шампионската парада на Ливерпул, полицијата исклучува тероризам

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Полицијата не го смета вчерашниот напад на шампионската парада на Ливерпул за теротистички чин. Автомобил влета меѓу насобраната толпа, и притоа повреди 27 лица, меѓу кои две се во тешка состојба, меѓу нив и дете.

Првиеден е 53-годишен Британец. До инцидентот дојде на улицата Вотер, недалеку од центарот на градот. Во тој момент, големи толпи навивачи се собираа на улиците со часови, славејќи ја шампионската титула на клубот во Премиерлигата.

27 повредени лица беа однесени во разни болници низ Ливерпул. Уште 20 лица се здобиле со полесни повреди и им е укажана медицинска помош на местото на настанот.

Заменичката-началник на полицијата во Мерсисајд, Џени Симс, ја започна прес-конференцијата велејќи дека нејзините мисли се со повредените во „страшниот инцидент“. Таа им се заблагодари на сите што им помогнаа на повредените. 

Таа потврди дека неколку лица се повредени и однесени во болница.

„Се верува дека возилото го управувал 53-годишен маж“, рече таа, додавајќи дека истрагата за околностите што доведоа до инцидентот е во тек и нагласувајќи дека инцидентот не се третира како тероризам.