Две лица починаа од коронавирус во Италија, 29 заразени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од коронавирус почина уште едно лице во Италија, јавуваат тамошните медииуми.

Потсетуваме дека првата жртва беше 78-годишниот Адриано Тревисан. Тој беше примен во болница заедно со уште едно лице кое се наоѓа во стабилна здравствена состојба.

Другата жртва е од Ломбардија, а медиумите јавуваат дека може да е поврзано со случајот од Кодогна.

Расте бројот на заразени

Бројот на заразени од утрово е пораснат од 16 на 29 лица.

Последното заразено лице има 67 години.

Во Италија се вратија италијанците од јапонскиот крузер

Овие денови во Италија се вратија и сите патници кои се наоѓаа 14 дена во карантин поради опасност од коронавирус на бродот „Дајмон принцес“. 19 лица од нив ќе бидат дополнително изолирани во посебен карантин во Италија.