Две лица загинаа, а петмина се повредени во експлозија во фабрика во Казахстан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица загинаа, а пет се повредени во експлозија во фабриката „Казинк“, најголемиот погон за производство на цинк во Казахстан, соопшти денес раководството на фабриката.

„Според прелиминарните информации, експлозија се случила додека се вршело чистење на вентилаторот, по што следел пожар и делумно уривање на структурата“, се вели во соопштението на Казинка.

Пожарот предизвикан од експлозијата е веќе изгаснат, соопшти казахстанското Министерство за вонредни ситуации, пренесува Интерфакс.