До последен ден од министерскиот мандат, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, сега пратеник на ДУИ, бил на преговори со УНИЦЕФ за национална платформа да биде ЕДУ ИНО, а не платформата која ја креираше ФИНКИ. Адеми одбива да даде проценка за тоа каква ќе биде учебната година со актуелната платформа, а за прашањето за недостиг на технолошки апарати, вели дека доколку се предложи такво нешто, ДУИ ќе даде поддршка.
АРБР АДЕМИ, ЕКС МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Требаше да почекаме повеќе месеци, бидејќи нема на пазарот, во Македонија нема. Но ни во регионот нема. И Еколог кој донесе 3 илјади донации,некои ги обезбеди во Германија, некои во Дубаи.
Агрон Врангала: Добро, државата нема ли пари за вакви работи?
Сигурно дека има средства и со министерката Царовска едно од прашањата кои ги дискутиравме, беше и ова прашање и јас во ДУИ и во Собрание ќе дадам поддршка ако се направи такво нешто.
Инаку пратеникот од АА, Халил Снопче реагираше велејќи дека наместо да се обезбедат средства за компјутери, се скратил буџетот на Министерството.
ХАЛИЛ СНОПЧЕ, ПРАТЕНИК НА АА
Двапати се правеше ребаланс на буџетот и два пати се кратеше за Образование. Во оваа голема криза, со ребалансот два пати се крати во образование.
Помош од владата очекува и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој рече дека му ветиле ова прашање да се реши во текот на следната недела.
ВИСАР ГАНИУ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ЧАИР
Ние со ребалансот одвоивме средства за технолошка опрема, за следење на наставата. Но треба да бидеме коректни, дека сите пропусти кои се јавуваат, не може да ги покрива само локалната власт, треба помош и од централната власт.
Официјално се вели дека најмалку 40.000 деца не можат да следат онлајн настава, а од Унијата на средношколци велат дека овој број оди и до 90 илјади. Информациите од терен велат дека многу ученици онлајн наставата ја следат директно од платформата Микрософт Тимс бидејќи приклучувањето на националната платформа е невозможно бидејќи или се појавува грешка или дека немаат корисничко име. Има наставници кои предаваат од дома бидејќи школите немаат интернет. Но, од МОН оцениле дека 80% од онлајн наставата се реализира успешно.
