Две села со 4 жители! – Големо и мало Црско пред згаснување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Многу кичевски села останаа со по еден, двајца или тројца жители! Масовната миграција од селата во градот или печалба доведе до празнење на руралните области. Оваа судбина ја делат и Големо и Мало Црско, села на општина Кичево. Некогаш имало повеќе од 250 жители, а денес останал само еден.

Имало училишта, пошта и културен центар, а денес нема дуќани ниту за да се купи леб.

Овие две села се оддалечени 30 километри од градот Кичево. Останаа стари куќи со затворени врати, а само два оџаци чадат, едниот во Големо Црско а другиот во Мало Црско.

Во Големо Црско живее само Мира Мицеска. Во зима живее во град, а во лето престојува тука сама, поради природата и свежиот воздух.

Од друга страна, во Мало Црско живее само Гоце Неделковски со своите сестра и брат. Се занимаваат со сточарство, имаат крави за кои се грижат, но велат дека не им се исплати и планираат да ги продадат и да си заминат. Ако се случи тоа, селото ќе остане без ниту еден жител.

Гоце вели дека немаат откуп ниту за телињата, а млекото не го продаваат бидејќи им го откупуваат за 12 денари и не им се исплати. Тој вели дека немаат ниту инфраструктура бидејќи за 3 жители никој не сака да инвестира.