Две вработени во Државна лотарија во лисици – штета од 80 милиони денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против две вработени во Државна лотарија, осомничени за проневера во службата и фалсификување на деловна документација.

Според истрагата, двете осомничени, од кои едната била директорка на Секторот за финансии и сметководство, а другата раководителка на финансиските работи, во текот на 2024 година не депонирале околу 46 милиони денари од дневниот промет, додека се сомничат дека присвоиле и околу 34 милиони денари од сметките на Лотаријата. За да ги прикријат трагите, како што соопшти Финансиската полиција, се сомничи дека извршиле фиктивни трансакции и користеле лажна сметководствена документација.

При контролите на пет локации во Скопје и Валандово биле одземени документација, телефони, компјутери, електронски уреди, пари, злато и накит. Двете осомничени се лишени од слобода.