Движењето против коцкање реагираше во врска со отворањето на обложувалниците и казината со олеснување на мерките. Од ова Движење велат дека власта ги гледа само личните интереси и дека за функционерите е поважно коцкањето отколку образованието и здравјето на граѓаните.
„Владата докажа и уште еднаш се изрази во спротивно на интересот на граѓаните, поддржа епидемија наречена „епидемија на коцкањето“, посочи Јуши Емурлаху
Од друга страна Асоцијацијата на спортските обложувалници изрази задоволство за преземените мерки за отворање на обложувалниците, додавајќи дека и обложувалниците ќе бидат дел од мерките за помагање на бизнисите кои се оштетени за време на Ковид-19.
Од Движењето против коцкање веќе неколку години бараат објектите на игри на среќа со посебен закон да бидат оддалечени три километри од секое населено место. Владата подготви закон, но истиот не успеа да влезе на дневен ред до распуштањето на Собранието.
