ДЗС: Две третини од семејствата во Македонија се греат на печки и цврсти горива

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според податоците од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика, најголемиот дел од македонските домаќинства ја користат класичната грејна опрема.

Над 71% се греат на печки со цврсти горива, додека 20,7% користат струја за греење.

Сопствено парно греење имаат само 5% од семејствата, а централно парно греење користат 2,9%.

Телефонски приклучок имаат 54,5% од семејствата, што дополнително го отсликува традиционалниот начин на живеење во голем дел од домовите.

Овие податоци покажуваат дека македонските домаќинства сè уште се зависни од печките и цврстите горива како основен начин за греење, иако пристапот до струја и водовод е универзален.