„Албанскиот јазик е службен јазик според Уставот, но тоа се скратува врз основа на законот за негова употреба“ – вака оцени универзитетскиот професор, Мерсим Максути, на трибина на тема „Колку е официјален албанскиот јазик?!“.
„Уставот на јасен начин одредува дека службени јазици во Македонија се македонскиот јазик со кирилично писмо и јазикот кој го зборуваат 20% од граѓаните со својата азбука и писмо, тоа јасно кажува дека албанскиот јазик има статус на службен јазик и ние треба да ја знаеме таа дилема точно, но што е прашањето тука, бидејќи албанскиот јазик, значи јазик кој го зборуваат 20% од граѓаните, и тука нема ист третман со македонскиот јазик и тоа на некој начин претставува ограничена форма.“, вели Максути.
Поранешниот политичар, Мухамет Халили, вели дека албанскиот јазик е ограничен службен јазик.
„Тие кои биле поврзани со политиката и сакале да раскажат за нивните успешни политики, секогаш велеле дека албанскиот е службен јазик, што воопшто не е точно. Албанскиот јазик е ограничен службен јазик“, изјави Халили.
Но што доколку Уставен суд се одлучи за укинување на неколку одредби за албанскиот јазик?
„Тие ќе бидат главните одредби на законот, ќе се ограничи правото на употреба при судските постапки, ќе се лимитира правото за употреба на албански јазик при службена комуникација на службениците на оваа држава. Ќе се укине во униформите, дури е најавено и бришење на зборот албански, единствениот збор кој постои во законот за јазиците и тоа во загради како јазикот на 20%, албанскиот јазик. Најавено е дека и тоа ќе се избрише и тоа директно претставува напад врз нашиот национален идентитет“, рече Максути.
„Во ситуација кога тој сегмент не го спроведуваме, тогаш нема што да оштетиме, а самиот предлагач кога се обраќа до Венецијанската комисија бара да даде мислење дали има право или не, бидејќи самата комисија имаше сомнежи, тогаш и самиот поранешен вицепремиер има дилеми дури и кога тоа е адресирано до комисијата за да оценат дали е во ред или не, се работи за употреба на јазикот на банкнотите. Досега тоа воопшто не сме го спровеле и Венецијанската комисија има дадено негативно мислење“, кажа Халили.
Инаку, Уставниот суд најави расправа за укинување на некои членови од Законот за албански јазик.