Ед Ширан гради крипта на својот имот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пејачот и текстописец Ед Ширан планира необичен додаток на својот простран имот во Англија – гробница.

Во барањето доставено до локалната служба за просторно планирање, архитектите ангажирани од Ширан одредиле „погребна зона“ која би се наоѓала под мала капела на неговиот имот во Сафолк, на истокот на Англија.

На 30-годишниот добитник на Греми веќе и е одобрено да изгради капела заедно со спирални скали и галерија.

И во новиот поднесок, се бара одобрение за додавање на криптата под капелата.

Тој ја гради капелата за да исполни „важна потреба од приватно место за размислување и молитва, за славење важни лични и семејни моменти, како што се свадби и крштевки“.