Активен и понатаму останува пожарот во Кавадарци, во подрачјето меѓу селата Раец, Ќесендре и Дреново, каде што гори шума со нискостеблеста вегетација и ниска тревна покривка.
Во меѓувреме, изгаснати се пожарите кај локалитетот Теќе, на улицата „Дебарска“ во Прилеп, каде што горела депонија, пожарот меѓу селата Шемшово и Сиричино во Општина Теарце каде што горел отпад, како и пожарите кај селата Глуво и Мирковци во Општина Чучер Сандево, каде што горела сува трева.
„Најсериозниот пожар вчера, кој гореше на територијата на државата, беше пожарот зад нас, односно пожарот во Општина Кавадарци, за кој повеќе информации ќе даде градоначалникот на општината. Карактеристично беше тоа што интервениравме со два ер-трактора и со хеликоптер на Армијата“
„Најтежок којшто вчера беснееше на територијата на државата е пожарот којшто се одвиваше на подрачјето зад нас, на територијата на општина Кавадарци. Карактеристично е тоа што во текот на вчерашниот ден овде дејствувавме со два ер-трактори и со полицискиот и армискиот хеликоптер“, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
„Вчера ни се приклучија уште два ер-трактора, кои значително помогнаа од воздух. Поради силниот ветер и високите температури, пожарот се прошири во должина од околу седум километри, зафаќајќи ги селото Дреново, селото Раец со околината и селото Кесендре“, изјави Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци.
„Ни се придружија и два ер-трактори во вчерашниот ден каде што помогнаа доста во делот од воздух и во вчерашниот ден, пожарот, поради ветровите и високите температури, доста се прошири, би кажал, некаде околу 7 километри квадратни радиус којшто фати во делот на село Дреново, село Раец, околината на Раец и село Ќесендре“, изјави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
