Екипата на ТВ21 и денеска ја посети тетовската болница за да види какви се условите внатре. Во ходникот на Одделението за интерни болести можеше да се забележат фрлени отпадоци и отпушоци. Дел од вработените во болницата, кои не сакаа да говорат пред камера, рекоа дека веќе подолго време не работи лифтот на мртовечницата, но повторно обезбедувањето на болницата не ни дозволи да снимаме…
Денеска, на екипата на ТВ21 повторно не ѝ беше дозволено да снима од страна на обезбедувањето. Како што дознава ТВ21, во оваа болница веќе подолго време не работи лифтот на мртовечницата.
Дека лифтот на мртовечницата засега е вон функција, потврди и Министерството за здравство.
-Пациентите кои се оперираат во Клиничката болница во Тетово имаат посебен лифт кој е во функција, додека лифтот на мртовечницата е надвор од функција веќе 6 години. Новиот менаџмент на болницата работи на санирање на дефектот за негово што побрзо ставање во функција, велат од министерство за здравство.
Инаку, во моментов Одделот за хирургија располага со три лифтови, но само еден е во функција. Истиот се користи и за оперираните, и за починатите.
