Еден наставник работи преку 10 часа – бараат повисока октомвриска плата, во спротивно бојкот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Владата ќе побара од Собранието нови шест месеци кризна состојба

Владата на денешната седница го прифати предлогот на Групата за процена во ЦУК да биде побарано продолжување...

Владо Бучковски именуван за специјален претставник на македонска Влада за Бугарија

Владо Бучковски, поранешниот премиер на Македонија, е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија, потврди...

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Министерот Филипче: нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на...

Бизнисменот Фијат Цаноски сведочеше на рочиштето за „ТНТ”

Бизнисменот Фијат Цаноски, како оштетен во случајот „ТНТ”, денеска во Кривичниот суд даде исказ како сведок предложен...

КСС: Недела ден за одмор и 50 отсто поголема дневница за оние што ќе работат, се друго ќе биде дискриминирање и селектрирање

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија – КСС смета дека во однос на прашањето недела да се...

Наставниците кои со физичко присуство предаваат во училиштата од прво до трето одделение имаат зголемен обем на работа, па затоа бараат во октомвриската плата да им биде пресметан дополнителниот број часови наметнати поради пандемијата. Претседателот на СОНК Јаким Неделков вели дека одделенијата, согласно со здравствените протоколи кои наложуваат најмногу 20 деца во училница, се поделени  во две групи, така што еден наставник работи преку 10 часови.

„Од едно одделение се создаваат две паралелки односно , бројат 20 ученици, потребно е да се поделат во две групи, фактички од една паралелка се создаваат две групи, каде што еден наставник не ретко работи со две групи. Тоа буквално значи удвојување на работата, на потрошеното време, и трошење на физичка и психичка енергија, затоа бараме од директорите за оваа дополнителна работа да ја израчунаат и да ја стават како вид на додаток на плата“, вели Неделков.

Министерката за образование Мила Заровска уверува дека нема многу наставници кои ги надминале бројот на часови. Таа додаве дека доколку има доказ за надминување на часовите согласно законот за работни односи треба да им се исплати

„Но, тоа е однос помеѓу локалната единица на синдикатот и директорот на училиштето. Јас ги потикнувам заеднички да седнат и да ги надминуваат овие прашања. Ве уверувам дека нема голем број на училишта каде што имаме надминување на бројот на часови“, рече Царовска.

Според пресметките на СОНК еден наставник за дополнителните часови треба да добие плус 5000 денари на нето односно до 8000 денари на бруто плата. Неделков апелираше на хронично болните наставници да им овоможат работа од дома затоа што при патување кон работа најчесто групирани во возила и автобуси, се изложуваат на ризик од зараза. Како проблем на наставниците го наведе и нестабилен интернет, недостиг од опрема и проблеми со греење на просториите.

.