Италијанскиот одбранбен фудбалер и моментално член на Фенербахче, Леонардо Бонучи, се одлучи да замине во играчка пензија.
37-годишниот Бонучи поголемиот дел од кариерата го мина во Јувентус, а само една сезона играше во Милан, шест месеци беше дел од Унион Берлин, додека крајот на кариерата го дочека во дресот на турскиот гигтант Фенербахче.
Бонучи за италијанската репрезентација одигра 121 меч. Ги освои сите титули во Италија, односно девет шампионски титули од кои една со Интер и осум со Јувентус, потоа Купот на Италија четири пати, Супер Купот пет пати. Играше два пати во финалето во Лигата на шампионите. Со Италија го освои Европското првенство кое се играше во 2021 година.
