Многу лесно, и што е најважно, сосема природно
Оваа година наместо да купувате бои за јајца, свртете се кон природните сорти.
Освен зеленчук и овошје, можете да користите и зачини за бојадисување јајца. Дали знаевте дека со помош на куркума можете да добиете убава жолта нијанса?
Еве како:
Потребно (за три јајца):
- Јајца
- Зачин од куркума (две лажици)
- 7,5 dl вода
- Оцет
- Малку сол
Подготовка:
1. Измешајте го зачинот, зовриената вода, лажица оцет, малку сол и потопете ги јајцата.
2. Во сад со природна боја потопете ги однапред сварените јајца и оставете ги неколку часа да се впие бојата.
3. Потоа извадете ги јајцата и тапкајте ги со марамче.
4. Кога јајцата целосно ќе се исушат, намачкајте ги со масло за подобро да блеснат.
Колку подолго остануваат јајцата во бојата, толку поинтензивна ќе биде бојата.
Целата процедура погледнете ја во видеото:
ПРОЧИТАЈТЕ И:
- ВИДЕО: Уникатни велигденски јајца – со ниту една купена боја нема да добиете толку убава нијанса!
- Потребна ви е само мрежичка од компири: Ова се најубавите јајца за Велигден – потполно природни!
- ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА БОЕЊЕ ЈАЈЦА! Најубавите нијанси и дезени се „добиваат“ на целоснo бела лушпа
