„Уште од 2010 година, со иницијатива на родителите се променети имињата на 4 основни училишта во Општина Чаир.“, рече Арта Сали.
Беше потребно скоро една деценија за да се официјализираат новите имиња на основните училишта во Чаир и да не бидат само во таблите, како што беше досега. Но иако било доставено барање за 4 училишта, само имињата на две училишта се официјализирани.
Веста за промената на имињата ја соопшти лично министерот за образование и наука, Арбр Адеми преку Фејсбук. Според тоа што може да се гледа, училиштето „Никола Вапцаров“ сега ќе биде „Имри Елези“ а „Рајко Жинзифов“ – „Исмаил Ќемали“.
„Откако ги потпишав потребните акти, конечно заврши прашањето со именувањето на училиштата во Чаир.“, рече Адеми.
Но, веста за промена на имињата, изгледа го вознемири лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека промената на имињата на училиштата е незаконско и побара од Централен регистар да ја разгледа одлуката.
На Заев му одговорија од Централен регистар. Од таму велат дека процедурата е реализирана согласно законите. А што се однесува до прашањето на одлуката на Советот, од Централен регистар велат дека тоа не е нивна работа.
„Со цел да видиме како дојде до промена на називите на основните училишта во општина Чаир, дојдовме за да поразговараме со раководителката на правниот сектор во општината. Од таму ни рекоа дека процедурата тече согласно Законот и ако некој има незадоволство, случајот може да го пријави во Управен суд.“, вели репортерката на ТВ21.
Арта Сали, раководител на Правниот сектор во Општина Чаир, вели дека одлуката за промена на имињата на училиштата ја донел општинскиот совет.
„Одлука на Општинскиот совет за промена на имињата постои уште од 2012 година и истата е јавен документ“, изјави Сали.
„Училиштата „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ сега добија нови имиња. Се очекуваше да се промени и името на училиштето „7-ми Март“. Иако на таблата стои новото име „Адем Јашари“, сепак министерот за образование и наука, Арбр Адеми, сѐ уште нема донесено одлука за промена на името“, вели репотерката на ТВ21.
Како што дознавме од општина Чаир, за промена на името на училиштето „7-ми март“ се уште не е започната постапка.
