Една година од трагедијата „Беса Транс“, Владата ја претстави платформата за контрола „е-транспорт“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една година по трагичната автобуска несреќа на компанијата „Беса Транс“ во Бугарија, Владата ја објави платформата „Е-транспорт“. На овој начин граѓаните ќе можат во реално време да ги проверуваат превозниците на патниците, видот на лиценците на превозниците во патниот транспорт и дали имаат соодветни дозволи, а институциите ќе разменуваат податоци, со што се очекува да се спроведат поефективни контроли. Министерот за транспорт, министерот за внатрешни работи, директорот на Државниот инспекторат за транспорт и директорката на Царинската управа, потпишаа договор за размена на податоци од областа на патниот транспорт и стоки. Но, дали трагедијата во Бугарија е причина за една ваква платформа?

За случајот „Беса Транс“ се произнесоа и директорката на Царинската управа и директорот на Инспекторатот за транспорт. Велат дека кај нив сите процедури се завршени.

Инаку, на 23 ноември автобусот на компанијата „Беса транс“ имаше сообраќајна несреќа во Бугарија, каде животот го загубија 46 лица. Во овој случај едно физичко и едно правно лице се товарат за продолжено кривично дело „фалсификување исправа“. Судското рочиште за случајот е закажано за 15 ноември.