Една години се фалеа меѓусебно, денеска раскинаа – Арсовска бара „шпицнатиот градоначалник“ да не ѝ се заканува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Кога лажете и мафтате со документи и ви се тресе рачето и ви трепери гласот. Смањите доживљај“.

Вака градоначалничката Данела Арсовска го започна својот единствен одговор на поставено советничко прашање во советот на Град Скопје. Потоа ја напушти седницата, додавајќи дека во ВМРО-ДПМНЕ има многу чесни, вредни и храбри луѓе, но…

„Мицкоски за жал не е еден од тие“.

Трајко Славески: Да, да. Ве молам овде не смее да се споменуваат личности кои не се тука присутни.

Данела Арсовска: Мое е правото…Се споменуваа и претходно кога му се тресеа рачињата на советникот, личности кои не се тука присутни. Значи како до вчера бев најдобриот градоначалник на Скопје, а откако ви го фатив директорчето со рачето во медот сега одеднаш не чинам.

Пред една година со зурли и тапани славеа голема победа…

„А сега остана само „Чао“.

Арсовска рече дека и понатаму по патот на правдата.

„Како и до вчера што бев за вас најдобриот градоначалник. Ама Мицкоски од тендер матрицата нема никогаш да излезе тоа верувам на сите тука ви е јасно. Како што ви е јасно зошто од денеска не чинам. А до вчера бев супер. Нели?“, вели Данела Арсовска.

Од говорницата рече дека ако Мицкоски се борел оваа година како што се борел со неа овие три дена, досега ќе ја спасел Македонија. За крај упати и прашање.

„Каде е шпицниот градоначалник, не го гледам тука. Кај се крие Мицкоски. Имаме одговор на ова прашање? Го нема нигде. Се крие“, додаде Данела Арсовска.

А каде, дали и зошто се крие ќе прашаме вечерва во Click Plus од 21.30. Гостин е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.