Баклавата е наједноставниот и најисплатлив десерт бидејќи се прави брзо и лесно, а оваа ќе ви помогне да ја направите совршена.
Има еден трик кој се користи во старата Босна кога се подготвува баклава.
Станува збор за маргарин кој се прелива пред да се истури, т.е. прво добро загрејте ја баклавата, за да почне да „крчка“. Со загреаниот маргарин прелијте ја склопената и исечкана на ромбоидна баклава.
После тоа баклавата се пече на 200 Целзиусови степени. Потоа врелата баклава се прелива со изладена агда во која е исцеден цел лимон.
Само овој начин на подготовка на баклавата ќе овозможи лабавост и сочност на оваа торта.
Состојки:
- 500гр готова кора од баклава
- 500 гр ореви – половина мелени, половина сецкани
- 100мл масло за премачкување на кората
- еден цел маргарин
- за агда: 500 грама шеќер, 1 литар вода и 1 лимон.
Подготовка:
Секоја кора премачкајте ја со малку масло, па обилно посипете со ореви и наредете додека не се потроши материјалот. Се сече на ромбоиди и се прелива со стврднат маргарин. Се пече во рерна и се прелива со изладената агда.
