Еднаш повик за останување дома, а потоа поздрав од Беровско езеро – кој треба да ги почитува мерките и препораките?!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на социјалната мрежа Фејсбук на 4-ти јуни ги повика граѓаните да останат дома бидејќи како што вели тој вирусот Ковид-19 е реална појава.

Вирусот КОВИД-19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана. На тој начин ја загрозува личната и…

Gepostet von Ljupcho Nikolovski am Donnerstag, 4. Juni 2020

Вчера пак на Инстаграм ги поздрави со фотографија од Беровското езеро, од тука и прашањето кој треба да ги почитува мерките и препораките?

Љупчо Николовски е од Крива Паланка, но сепак овој викенд ја избрал викенд дестинацијата Беровско езеро.

Во СДСМ неколку лица се позитивни на коронавирус, а голем број во самоизолација. Партијата Левица до Државната изборна комисија поднесе дури и претставка за предвремено започнување на кампања.