Едни ќе ги примаат попишувачите, други не – дали сега е моментот на кој се чекаше 20 години?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Граѓаните или барем оние што ги анкетиравме по случаен избор со поделени мислења. Некои сметаат дека ако се чекало 20 години може да се почека уште некој месец за попис. Други пак, сметаа дека со појавата на новите мутации на Ковид 19 многу ќе се пролонгира, а мора да се преброиме. Еве, што ни одговорија.

-Зашто да не ги примам, нема причина зашто да не ги примам. Јас и ти носиме маски, на метар сме распојание, ако се заразиме и сега ќе се заразиме.

-Па, да.
-Не се плашите од корона?
-Како не се плашам се плашам, ама закон си е закон. Ќе мора да се држи дистанца.
-Гости примате?
-Ниту одам, ниту примам.

-Јас не ги примам, не.

-Не знам ќе видиме, тешко дека ќе ги примам.

Треба да се изброиме нели? Колку време не сме броени?Треба некогаш попис да направиме, така?

-Ни случајно нема да ги примам. Прво овој попис е нелегален, нелегитимен, мафијашки. Втора причина поради која нема да ги примам е безбедноста на моето семејство.

-Би ги примиле или надвор?
-Па, може и дома, зашто да не? Еден е еден влегува, колку што сум информирана. Нема потреба од двајца. Еден ќе си запише на оддалеченост, би ги примила, кој и да е.

  • Не е легитимен пописот, бидејќи уште од почетокот имаше пробивање на системот. Можат да се пријават луѓе без точен матичен број, дури и само нули да откуцаат. Тоа е опасна работа, значи можат да се пријават милиони.

    -Во ова време дали дошло до таа работа, чекало 20 години нека почека уште неколку месеци.

    -Ако се чека што правиме, ништо.
  • Требаше ли да се почека на вакцините?
    -Ама ако имаше вакцини, а вакцини нема.

Пописот ќе се одржи од први до 21 април оваа година. Како што е познато, опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон до Собранието за поништување на пописот, бидејќи според нив резултатите од него ќе бидат наместени и нема да бидат реални.