Едно лице загина, а четворица се повредени како последица на престрелка во центарот на Приштина во локалот „Бон вивант“ синоќа нешто пред полноќ, соопшти косовската полиција.
Според полицијата, 17 лица се повредени како последица на скршени чаши и стаклени шишиња, по расправија меѓу неколку лица. Четворицата осомничени кои се на лекување во Клиничко-универзитетскиот центар на Косово, по одлука на обвинителот се задржани под полициски притвор. На местото на настанот се пронајдени четири чаури и дамки од крв, соопшти полицијата.
По престрелката на во Ургентниот центар во Приштина лекарска помош побарале 17 повредени.
„Синоќа некаде по полноќ во Ургентниот центар се примени 17 пациенти, од кои 7 се повредени со огнено оружје, додека други 10 се повредени со остар предмет, парчиња стакло или други делови… Во моментов две од нив ги поминале сите потребни прегледи, во операциона сала се лекувани од грижливите тимови на Абдоминална хирургија, Васкуларна хирургија и Ортопедија. За жал, и по хируршката интервенција едно лице им подлегна на повредите и почина. Во меѓувреме, уште четири случаи, се примени на Клиниката за ортопедија, каде лекувањето продолжува. Уште едно лице е примено на Клиниката за васкуларна хирургија, тие се во стабилна состојба, а останатите случаи ја добија потребната терапија и си заминаа дома“, вели Насер Сила.
Лицето кое подлегнало на повредите било погодено неколку пати со огнено оружје.
„Повредите биле од огнено оружје, биле на различни делови од телото и еден од нив кој починал имал повеќе рани на различни делови од телото.. Возраста била различна, биле родени од 80-тите до 2003 година“, додаде Насер Сила.
Еден од учестниците во синоќешниот инцидент се уште е во бегство.
