Едно лице почина, а 46 се новозаразени од коронавирус во Македонија. Од нив 11, се медицински персонал од болницата во Куманово.
„Има потврдени, дијагностицирани позитивни случаи во Кумановската болница и во Инфективната клиника. Во Кумановската болница имаме 11 потврдени случаи позитивни на коорнавиурсот, оваа бројка во овој момент ја компромитира работата на инфективното одделение, бијдеќи и претходно имаше еден од останатите здравствени работници претходно дијагностицирани“, истакна Венко Филипче.
Поради новонастанатата ситуација, два доктори од Скопје и Штип ќе ја организираат сега работата на инфективното одделение. Во тек се и епидемиолошките анкети, бидејќи има заразени и на други две одделенија.
Во Куманово од вечера од 21 часот започнува полициски час, кој ќе трае се до понеделник во 05 часот наутро.
„Значи целосно ќе биде ограничено движењето за викендот, а во работните денови почнвајќи од понеделник ќе биде како за време на викенд до сега односно наместо од 21, од 16 часот до 05 часот следниот ден“, додава Филипче.
Отстапка ќе има само за земјоделските активности и ќе биде дозволено движење во рамки на територијата на селото, исклучиво за работни активности.
Добро е што има многу малку пациенти кои се дијагностицирани со Ковид-19 на пунктовите, оцени денеска министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе треба да се сменат прашањата во епидемиолошката анкета врз основа на која се оценува дали некој треба да биде тестиран за коронавирус.
На Инфективната клиника во Скопје излекувани се три лица, кај кои по направен тест кој бил негативен се пуштени дома.
Освен во Куманово, во оснататите делови од државата утре полицискиот час започнува во 16 часот и трае до наредниот ден до 05 часот.
