Трамп предлага Венецуела да стане 51. сојузна држава на САД

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Венецуела би можела да стане дел од САД, за време на митинг во Тексас во вторникот, во рамките на кампањата за изборите на средината на мандатот.

Државниот секретар Марко Рубио му се придружи на Трамп за да го претстават танкерот со сурова венецуелска нафта, кој штотуку пристигнал и треба да биде преработена во рафинериите во Тексас.

Додека го фалеше танкерот, претседателот пред присутните зборуваше и за американската операција во Венецуела на почетокот на оваа година, во која беше заробен поранешниот лидер Николас Мадуро.

Потоа Трамп сугерираше дека Венецуела би можела да стане дел од САД. „Да ја направиме 51-та сојузна држава“, изјави тој.

Трамп влезе во последната недела од својата кампања за изборите на средината на мандатот, во обид да ги зацврсти традиционалните републикански упоришта пред дуелите со исклучително конкурентните демократски кандидати.

Освен во Тексас, во текот на изминатата недела тој престојуваше во Мисисипи, Мичиген, Џорџија, Флорида и Ајова. Неговите следни запирања се во Охајо, Јужна Каролина, Флорида, Канзас и повторно во Ајова.

Трамп победи во сите овие сојузни држави на претседателските избори во 2024 година.