Едно лице загина во сообраќајка што се случи на Валандовско брдо, на патот Струмица – Валандово, пренесува порталот „Дрнка.мк“.
Несреќата се случила околу 14 часот, откако возачот изгубил контрола над камионот, излетал од патот и се превртел. На местото веднаш пристигнала полиција која врши увид.
Сообраќајот на тој патен правец се одвива отежнато.
