„Што ни смета да влеземе во Европа и да немаме граници со Албанија, ќе добиеме море“, вели Азески

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бранко Азески порача дека регионот мора да се движи кон поголема економска интеграција и побрз проток на стоки, оценувајќи дека долгите чекања на границите се „срам за Балканот“.

Во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21, Азески рече дека бизнис-заедницата треба да размислува европски и да ги искористи регионалните можности што ги нуди отворањето на границите.

„Ние одиме кон Европа која нема граници. Треба да ја искористиме позицијата кон Албанија и Србија, да отвораме пазари и да пласираме наша стока со додадена вредност. Тоа е нашиот сон“, изјави Азески.

Тој посочи дека недозволиво е и понатаму на Балканот да има километарски редици од камиони на граничните премини.

„Само на Балканот може да се видат колони од три до пет километри камиони. Тоа е срам за светот. Луѓето со часови чекаат во нехумани услови, а денес постојат технологии и сателитски системи со кои може да се контролира целиот транспорт и нелегалните пратки“, нагласи Азески.