„Едно застанување една контрола“ на Ќафасан – заеднички граничен премин за олеснување на движењето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На границата на Ќафесан меѓу Албанија и Македонија, стапи на сила „Едно застанување – една контрола“, со што се олеснува движењето на луѓе и стоки со многу поедноставени процедури.

Сега сите граѓани и трговци од двете земји ќе имаат само едно застанување на овој граничен премин каде ќе има претставници од двете министерства за внатрешни работи.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека ова беше неопходно за овие две земји повеќе од еден век.

Во текот на првата половина од годинава преку овој граничен премин проминале 770.000 граѓани и над 352.000 возила, изјави албанскиот премиер Еди Рама. Според него, само едно застанување на овој граничен премин ќе биде поповолно за сите.

„Навистина сакам да се надевам дека и двете министерства за внатрешни работи ќе преминат на друго ниво во овој ек на сезоната и во сите други летни сезони да го направат преминот без контрола или подобро кажано со случајна контрола на автомобили од Република Албанија и РСМ  за да се олесни сообраќајот уште повеќе“, вели Еди Рама.

Вицепремиерот Артан Груби го нарече голем ден во поглавјето на двете држави, како рушење на бариерата меѓу двете држави и олеснување на движењето за сите.

„Премиере, нема ништо поубаво од обединувањето и денес заедно го реализираме ова и навистина тоа ме прави среќен. Веќе неколку дена овој граничен премин работи и ми пишуваат граѓани од нашите две земји и ми се јавуваат на телефон од задоволство кога ќе искусат дека меѓу нас нема граница дека сега имам само една контрола“, посочи Артан Груби.

One Stop Shop дојде како проект на отворениот Балкан со цел да се олесни и избегне долго чекање на граничните премини на соседните балкански држави.