Еднократна финансиска помош за медицинските работници од Министерството за одбрана и за вработените од Специјалниот Завод за лица со попреченост во Демир Капија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На денешната седница Владата донесе заклучок да ги прифати предлозите на Министерството за одбрана и на Министерството за труд и социјална помош за исплата на еднократна парична награда на медицинските работници од Министерството за одбрана кои што се вклучени во лекувањето на болните од КОВИД-19, како и на вработените од Специјалниот Завод за лица со попреченост во Демир Капија кои во грижата за штитениците во заводот неколку недели беа вон своите домови.

На денешната седница Владата ја измени и дополни одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 26.868.500,00 денари на јавни комунални претпријатија кои се членки на Здружението на комунални дејности при Стопанската Комора на Македонија за поддршка на нивното работење како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во претпријатијата во рамките на владината КОВИД програма.