ЕДП, дел од Европскиот фронт? Османи: Вратата е отворена, Хоџа: Нема никакви разговори!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вратата е отворена за ЕДП и за секоја друга партија што сака да се приклучи на европскиот фронт. Ова беше одговорот на министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето дали разговарале со Европската демократска партија, новоформирана партија од Арјанит Хоџа, со цел да може да добие неколку позиции на власт.

ТВ21 го праша Хоџа дали барем се започнати преговори за такво нешто но тој накратко рече “Нема никакви разговори“.

Но Хоџа и на основачкото собрание на партијата кога беше избран за претседател на партијата, изјави дека како партија ќе бидат дел од победничката коалиција која ќе обезбеди европска иднина на земјава.

-Апсолутно верувам дека ќе биде победничка комбинација. Ќе биде така како што кажавме во минатото дека ова се луѓе на политичка структура со кои заедно патувавме низ годините и верувам дека ќе имаме победнички комбинации, но она што е најважно, тоа се комбинации кои ќе и обезбедат европска иднина на земјава-рече Хоџа.

Аналитичарот Имер Селмани во SummerClick пред неколку дена рече дека е легитимно да се мисли дека ЕДП ќе преземе некои позиции кои останаа со заминувањето на Изет Меџити од ДУИ.

-Легитимно е да се мисли дека можеби со новата понуда ДУИ има за цел евентуално да неутрализира дел од штетата, но од друга страна и да го прошири европскиот фронт за уставни измени. Но зошто да не ги споменеме претподготовките за следните избори во 2024 година-кажа Селмани.

Инаку, не е исклучена можноста пратеникот Скендер Реџепи со својата нова партија, која ја најави, да се приклучи на европскиот фронт. Ова го имплицираше изјавата на Реџепи во SummerClick, кога рече дека нема да остане на брод што тоне, алудирајќи на неговата поранешна партија Алтернатива.