„ЕФ се сретна со ВМРО во соба 161 во Собрание“ – Таравари: Фронтот се бореше да ги земат во Влада, за Беџети тоа е клевета

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Два часа пред да биде избран Африм Гаши за претседател на Собранието, тројца пратеници на Европскиот фронт се сретнале со тројца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ за да ги молат да влезат во Владата, без претседател на Собранието и со само четворица министри. Арбен Таравари од коалицијата ВРЕДИ, сега и нов министер за здравство, ова го потврди во „Дејли клик“. Коментирајќи ги уставните измени, Таравари изјави дека и ДУИ се согласила истото да се спроведе по одредено време. Таравари знае со кои пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал Европскиот фронт, но не сакаше да открие. Ја спомна само соба 161.

„Јас им ја спомнувам на ДУИ и на инсталациите на ДУИ во други партии кои се викаат Фронт, собата 161 на Собранието, на денот кога г. Африм Гаши беше избран за претседател на Собранието, два часа пред тоа, во собраниската соба 161, тројца претставници на Фронтот му се доближија на претставникот, до тројца пратеници на ВМРО, да не им го спомнам името, им ги знам имињата и им кажале дека не им треба претседател на парламентот. Само со четворица министри, влеговме во Влада. Ги прашале, а уставните измени? Ќе ги направиме, ќе ги направиме понатаму, не е проблем“, вели Арбен Таравари.

Блерим Беџети од Европскиот фронт овие изјави на Таравари ги нарекува клевета. Тој негира дека имале таква средба со претставници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сега со клеветите на Таравари и Меџити кои еднаш имаа тројца пратеници од Европскиот фронт. Сите зборови што беа кажани досега, ништо од тоа не излезе вистина, самите се демантираат. Сметам дека јавноста нема потреба од дополнителни објаснувања бидејќи сме свесни дека не се почитуваше изборниот легитимитет. На оваа Влада и недостига етнички легитимитет и евидентно е дека сакаат да дефокусираат кој се молел за да стане дел од Владата“, вели Блерим Беџети.

Го прашавме Беџети дали знае чија е собата 161?

– Чија е собата 161 во Собранието?

– Искрено не знам, не знам.

Запрашан за следните чекори на Европскиот фронт, Беџети за ТВ21 најави дека коалицијата ги артикулира своите позиции и ќе следува реакција која, според него, ќе произлезе врз основа на епилогот на ниво на партиски структури.