Премиерот на Египет Мустафа Мадбули најави дека Египет ќе ги затвори своите аеродроми и авионските патувања почнувајќи од четврток напладне до 31 март за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Премиерот на прес-конференција истакна дека има одлука и за намалување на бројот на работници во јавниот сектор, а особено на оние кои работат во владата, апелирајќи до граѓаните да не го потценуваат вирусот и потребата од преземање на превентивни мерки.
Тој, исто така, ги повика граѓаните да не ја зголемуваат побарувачката на залихите на стоки во супермаркетите.
