„Егото на лидерите во Македонија е големо“ – аналитичарите се сомневаат во одржливоста на ВЛЕН

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аналитичарите во Клик Плус разговараа за обединувањето на ВЛЕН и начинот како ќе функционираат како единствена партија со двајца претседатели. Ибрахим Мехмети оценува дека ќе биде тежок предизвик, ВЛЕН да остане обединет до следните избори.

„Ние знаеме колку се големи егата на албанските лидери овде во Македонија. Колку се мали интересите на поединците кои ги формирале овие партии, бидејќи на крајот тоа е и човечки, затоа што работеле да формираат партија и сега ќе останат без работа, ќе останат надвор од овие текови. Јас видов некои реакции уште сега, се гледаат кај некои поединци за кои приближно знам дека биле вклучени во структурите на различни партии во ВЛЕН.“, вели Мехмети.

Аналитичарот Џелал Незири нагласи дека ВЛЕН не ги поделил улогите меѓу претседателите, што според него во иднина може да доведе до моменти кога за одредени прашања Изет Меџити и Биљал Касами ќе излезат со различни ставови.

„Важно е што сега имаме двајца одговорни, досега ако сте забележале, сè што се случувало, бидејќи учеството во Владата може да донесе и проекти и успеси, но може да донесе и неуспеси. Кога се случуваа неуспесите во оваа Влада немаше одговорен.“, рече Незири.

Фатон Халили вели дека ВЛЕН може да функционира обединето само кога е на власт.

„Мислам дека оваа коалиција или оваа нова идеја за соработка ќе функционира до денот додека тие се дел од власта, во моментот кога ќе ја изгубат власта, повторно ќе имаме поделби и расцепкување по маала и различни населби, власта и заедничкиот интерес ги обединиле околу оваа идеја, бидејќи во спротивно, во моментот кога ќе излезат во опозиција, почнуваат различните акробации на поединците.“, изјави Халили.

Минатиот викенд недела се одржа конгресот на ВЛЕН, каде 850 делегати го изгласаа новото раководство.