Лошата политика што постоеше и постои ги натера младите да заминат од државата, вели Бленди Ходаи од Форумот за промени во образованието. Додава дека студентите ја гледаат иднината во поразвиените земји. Меѓу другото, во емисијата Клик плус, Ходаи истакна дека младите стануваат дел од политичките партии затоа што мислат дека се агенции за вработување и се надеваат дека ќе најдат работа.
„Причината зошто сме тука и имаме егзодус на млади и на население е токму поради политичките одлуки. Лошата и деструктивна политика која постоеше и постои од осамостојувањето на РСМ и резултираше да имаме толку масовен егзодус на млади луѓе и сите кога излегуваме и разговараме со пријателите, за секојдневието и за иднината која ја посакуваме, во едно друштво наоѓаш еден или ниеден што сака да остане во оваа земја и сите ја гледаат иднината во поразвиена земја, каде на сите имаат еднакви можности и шанси.“, рече Бленди Ходаи.
Универзитетскиот професор Сулејман Рушити, зборувајќи за причините за егзодусот, рече дека делумно виновни се и младите бидејќи не се бореле да носат промени и исто така им порача на младите да бидат поактивни. Рушити потсети на времето на неговата генерација кога протестираа против режимот иако казните беа затвор.
„Сакам да ги стимулирам младите да станат поактивни, за она што е дел од нивниот живот. И ако нашата генерација протестираше пред режим чии казни беа затвор. Сакам да станам катализатор за поттикнување на студентите да бидат поактивни.“, вели Рушити.
Младите се гласни, но не не слушаат, ниту политичките партии, ниту институциите кои се крајно политизирани, вели активистот Гент Салихи.
„Во 2010 година имаме студентски протести, потоа во 2015, 2017-18 година на студентски пленум имавме студентски протести неколку месеци против зголемувањето на тарифите на факултетите, така што младите се гласни но не не слушаат, ниту политичките партии, а да не зборуваме за институции кои се крајно политизирани. Зборувавме и за политички партии кои имаат младински форуми, но добро знаеме како се организирани овие политички партии, треба да си сервилен, послушен за да добиеш позиција на тие форуми.“, кажа Салихи.
Инаку, според извештајот на Државниот завод за статистика, земјава годишно ја напуштаат околу 15 илјади граѓани. Додека според извештајот на Завод за ревизија, од 2013 до 2021 година во просек од Македонија годишно заминувале 2.500 лица со високо образование, за што државата инвестирала околу 725 милиони евра.