80 часовниот полициски час го испразни Скопје. Стотици, илјадници возила во текот на вчерашниот ден, пред стартот на карантинот во 21 часот, заминаа од главниот град. На патарините се создадоа колони возила долги стотици метри. Голем дел од оние кои заминаа од Скопје, се упатија во Охрид. Таму нема полициски час, затоа граѓаните на општините кои се во карантин, одлучија да избегаат во овој град. Свесно доведувајќи ги во опасност охриѓани. Освен Скопје со сите општини, 80 часовен полициски час има и во Тетовои, Куманово, Липково и Штип и во другите места каде што во изминатите неколку дена рапидно расте бројот на заразени.
