Европската комисија денеска соопшти дека очекува Грција да ги истражи случаите дека крајбрежната стража фрлала мигранти во морето, за кои јави Би-Би-Си, а тие се удавиле пред да стигнат во ЕУ и да бараат азил.
„Миграцијата мора да се управува со хуманост и достоинство“, рече портпаролот на ЕК на прес-конференција.
Според него заштитта на границите мора да се врши со почитување на човековите права.
Портпаролот истакна дека Грција уште еднаш е обвинета за насилно одбивање на мигранти. Според него, не може да се очекува медиумската истрага ќе доведе до ограничување на стредствата од ЕУ за Атина за заштита на границите.
