ЕК со највисока оценка за Северна Македонија – ќе продолжат економските мерки за ковид кризата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

61,1 % реализирани заеднички заклучоци е оценката на ЕК врз основа на кои ќе се подготви и идната  Програмата на Владата за економски реформи 2021-2023  доставена во јануари годинава, што  е најдобра оценка споредено со земјите од Западен Балкан и Турција.

„Овие заклучоци се состојат од заеднички усвоени препораки со цел да им помогнат на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој“, вели Фатмир Бесими.

Продолжување на економските мерки за ковидкризата, фискална поддршка, нов закон за јавно-приватно партнерство, подобрување на транстпарентноста при спроведување на законите, формализирање на неформалната економија и нов начин на финансирање на средно-стручно образование и обука.

Програмата за економски реформи оваа година за првпат содржи проекции надвор од годишниот план вели – Бесими. Во периодот од 2021-2025 се предвидува раст од 5,9%

„Реформите ќе придонесат за зголемување на конкурентноста, зголемување на економскиот раст и зголемуваење на потенцијалот за раст, зголемување на бројот на работни места, намалување на невработеноста“, посочи Фатмир Бесими.

Заклучоците што биле донесени на вчерашниот дијалог со претставниците на ЕУ,  на владина седница веќе се усвоени.