Екипи на ЕВН Македонија се уште се на терен и го решаваат проблемот кој попладнево го остави речиси половина Скопје без електрична енергија.
Од ЕВН за ТВ21 велат само дека се врши санација на проблемот, без повеќе детали.
Инаку станува збор за проблем на 110-киловолтна трафостаница „Запад“.
Во меѓувреме дел од корисниците се префрелни во други напојни точки со цел што побрзо да им се овозможи снабдување со електрична енергија.
