Еко дрон патрола на Град Скопје во потрага по загадувачи на животната средина

НАШ ПРЕДЛОГ

Македонија на победа до ЕП – Ангеловски: Фудбалерите ќе го остават срцето на терен

Само една победа недостасува за фудбалската репрезентација на Македонија да се најде на Европското првенство 2021 година....

Караџовски: Сите сме во опасност од Ковид-19, повозрасните се поризични, но може да почине и човек без хронично заболување

Сите сме во опасност од Ковид-19, постарите генерации се поизложени, но може да почине и човек без...

НАТО донира 60 респиратори – Филипче: Ќе се користат во амбулатните возила

Во време кога се очекува драстичен пораст на заразени со Ковид-19, НАТО донира 60 респиратори за земјава...

Градот Скопје во соработка со здружението ЕРГОС Скопје почна еко дрон патрола, поточно прелети со дрон низ територијата на Скопје во потрага по потенцијални загадувачи, огнови на отворено и можни создавања на диви депониии.

Градските власти денеска соопштија дека еко дрон патролите ќе вршат прелети во текот на месеците септември, октомври и ноември со цел во текот на овие три месеци кога завршуваат земјоделските активности во атарите на градот да ги откријат и евидентираат загадувачите во Скопје.

Следното прелетување со дрон ќе се направи во текот на следната недела и дел од прелетите ќе се емитуваат во живо на официјалната фејсбук страницата на Град Скопје.

По извршените прелети со дрон над околината на градот, како што соопштија од Градот, снимките и фотографиите ќе се предадат како материјали на инспекторите во Град Скопје за тие да можат веднаш да реагираат на терен, да поднесат пријава и да ги гонат потенцијалните загадувачи.

-Во рамките на оваа соработка, ЕРГОС Скопје во партнерство со Центарот за одржлив развој Елипса досега реализицираше 12 прелети со еко дрон над земјоделските површини во околината на градот и не е забележано ниту едно палење на стрниште или создавање на нова дива депонија, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Овој проект е дел од програмата за активностите на Град Скопје од областа на соработка со здруженија на граѓани и фондации за 2020 година.

ВИДЕО: Силниот земјотрес сруши зграда за помалку од 1 минута во Измир

Силен земјотрес со јачина од 7 степени ги стресе грчките острови и дел од Турција на Егејското Море. ...

УО на Агенцијата ја разреши Лидија Димова од директорка

И официјално - Лидија Димова е разрешена од директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Ова е одлука на...

„Алкалоид“ со инвестиции од над 1,1 милијарди денари и со 175 нови вработувања во периодот јануари-септември годинава

„Алкалоид“ со 175 нови вработувања, со двојно зголемени инвестиции во износ од над 1,1 милијарди денари и со раст на консолидираните продажби...

Силен земјотрес ја потресе Грција

Силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги потресе Додеканските острови во Грција. Според Геодинамикиот институт на грчката Национална...

ВИДЕО: Силен земјотрес во Турција и Грција – неколку згради пред рушење

Силен земјотрес со интензитет од скоро 7 степени според Рихтер беше регистриран во Егејското море, а почувствуван бил на грчките острови и...