Потребни се итен сет мерки за сиромашните, вели економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ. Додава дека во овој момент не треба им се помага на големите фирми кои прават добивка, туку на малите. Државата треба да размислува за враќање на прогресивниот данок, да ги оданочи богатите и не само на личен доход туку и на профит на компаниите. А не како до сега сиромашните да го враќаат долгот преку регресивниот данок. Мора да се преземат мерки за зголемување на домашното производство на храна. Наместо да бидеме земја која увезува храна, да бидеме земја која извезува храна.
Јовановиќ вели дека по примерот на многу европски земји и Македонија треба да ги замрзне цените на нафтените деривати независно од светскиот тренд на покачување. И тоа би било многу поедноставно од замрзнувањето на цените на прехранбените производи. Недозволиво е нафтените компании да профитираат, а граѓаните да осиромашуваат.
Додава дека сега можеби е прав момент да го намалиме користењето на нафтата и да размислуваме за обновливи извори на енергија. Можеме да очекуваме стагфлација, низок економски раст и висока инфлација.
Јовановиќ додава дека ќе има продлабочување на дефицитот во надворешната трговска размена, што значи ќе треба да расте и долгот за да се покрие тој дефицит. Ако се очекуваше дека БДП ќе биде 3,5, во овој момент ќе биде околу 2.
Во Македонија 100.000 семејства или 22 % од населението живее во сиромаштија.
