Поранешен репрезентативец на Данска, и член на тимот на Брондби, и кој играше во Германија и во Франција, е позитивен на коронавирус.
Станува збор за Томас Каленберг, сегашен тренер на младинската екипа на ХИК.
Каленберг во својата кареира играше за Брондби два пати, потоа за Оксер од Франција и Волфсбург од Германија. Тој во Данска во Брондби играше заедно со македонскиот репрезентативец, Ферхан Хасани од 2013 до 2015 година.