Екс вработените во Треска со реакција за пожарот – „Сакаме да знаеме кој и зошто ја опожари фабриката“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

“Руска ракета беше фрлена на фабриката Азовастал, на источниот блок. Молете се за Мариупол“. Оваа лажна вест од вчера се шири на Твитер. На фотографијата е претставен пожарот во поранешната фабрика Треска во Скопје, а се претендира дека станува збор за напад од страна на Русија во Украина. Вчерашниот пожар за кој постои сомнеж дека е подметнат, ги собра поранешните вработени во фабриката. Револтирани велат дека фабриката ги чинела 24 плати.

Пожар имало и утрово во објект на неколку метри од просторот кој беше зафатен од пожарот. Командирот на противпожарната бригада на Скопје вели дека брзо интервенирале а цела ноќ биле на терен грижејќи се за безбедноста на граѓаните.
Вчера избувна пожар во магацинот во поранешната фабрика на Треска. Два часа подоцна пожарот беше изгаснат. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која беше на терен, рече дека пожарот бил подметнат. Истото за ТВ21 го кажаа и жители од оваа населба.

Просторот на поранешната фабрика Треска е актуелна тема поради објектите што треба да се градат тука и битката на граѓанските организации за спречување на бетонизацијата на Скопје.
Вчерашниот пожар “мириса“ на една од “докажаните рецепти за решавање на ситуацијата во која сите ќе бидеме губитници во Скопје“, рече за Дојче Веле советничката на општина Центар, Јана Белчева.

Каблите, машинеријата, мебелот и стопените остатоци од екс индустрискиот гигант е се што останало. ЦУК се оградува од одговорност за оваа ситуација а синоќешниот пожар ги вознемири жителите од блиската околина. Причините за пожарот се уште не се познати а за среќа немаше жртви и оштетени згради од околината.