Експлодираше дрон на пристиниште во Романија (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Морски дрон експлодираше во романското пристаниште Констанца. Пристапот до областа е ограничен, а сите надлежни институции се ставени во состојба на готовност. Активиран е Црвениот план за интервенција, пишуваат романските медиуми.

Експлозијата се случила околу 10:30 часот наутро, откако дронот првпат бил забележан утрово во 5:50 часот.

Морскиот дрон експлодирал сам од себе, но нема повредени, рече за „Хотњуз“ Богдан Тома, портпарол на Одделот за вонредни ситуации.

Дронот, со зелена боја и опремен со антени, беше запрен од заштитни бариери против загадување поставени на водата.