Експлодираше резервоар за нафта во Јужна Кореја, едно лице загина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице загина, а друго е тешко повредено по експлозија на резервоар со нафта во Улсан, Јужна Кореја, соопштија денеска официјални лица.

Тенкот се запали и се крева густ црн чад, јавува новинската агенција Јонхап.

Експлозијата се случила околу 11:15 часот по локално време во градот, кој се наоѓа на 310 километри југоисточно од Сеул.