Тим од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) забележал чад и слушнал експлозии во близина на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата таква централа во Европа. Според вработените во централата, целта на нападот била помошна инфраструктура лоцирана на околу 1.200 метри од главната централа, објавува „Киев Индепендент“.
Нападот со беспилотни летала и гранатирање започна околу 9 часот наутро, а звуците на воена активност можеа да се слушнат од позицијата каде што беа сместени експертите на МААЕ, изјави главниот директор на агенцијата, Рафаел Маријано Гроси. Чадот од погодената област беше видлив во текот на целото утро.
„Секој напад во близина на нуклеарна централа, без оглед на целта, носи потенцијални ризици за нуклеарната безбедност и мора да се избегнува“, предупреди Гроси.
„Го повторувам мојот повик за максимална воена воздржаност околу нуклеарните постројки за да се спречи ризикот од нуклеарна несреќа.“
🔴 UKRAINE :📹 AN AUXILIARY FACILITY OF UKRAINE’S ZAPORIZHZHIA NUCLEAR POWER PLANT (ZNPP) WAS HIT
ZNPP is Europe’s largest nuclear plant, under Russian control since 2022
The IAEA reported its team at Zaporizhzhia Nuclear Power Plant heard… pic.twitter.com/MSeeXGYnlh
— LW World News 🌍 (@LW_WorldNews) August 2, 2025
Нуклеарната централа Запорожје е под руска окупација од март 2022 година, а денешниот инцидент е најновиот во низата што ги потврдува континуираните безбедносни закани поради војната во Украина.
Повеќе од 120 пожарникари се борат со пожар во магацин за нафта во рускиот град Сочи, предизвикан од напад со украински дрон, изјави регионалниот гувернер Венјамин Кондратјев рано наутро во неделата на комуникациската платформа Телеграм.
Во Краснодарската област, регионот на кој припаѓа Сочи, се запали резервоар за нафта со капацитет од 2.000 кубни метри, објави руската новинска агенција РИА, повикувајќи се на претставници на службите за итни случаи.
Руската служба за цивилно воздухопловство „Росавијација“ објави на Телеграм дека летовите на аеродромот во Сочи се суспендирани со цел да се гарантира безбедноста на воздушниот сообраќај.
Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите, а Украина не даде веднаш коментар за нив.
Нападот, за кој Кондратјев рече дека се случил во областа Адлер, е најновиот украински напад врз инфраструктурата во Русија што Киев го смета за клучен за воените напори на Москва.
