Ѓорѓиевски: По две децении Серава добива нов лик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проектот за уредување на коритото на реката Серава и изградба на нова пешачка патека во Бутел влегува во завршна фаза, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Новата патека е долга 1.590 метри и ќе обезбеди уреден и безбеден простор за пешачење, рекреација и дружење. Проектот предвидува и поставување современо ЛЕД осветлување, клупи и друга урбана опрема, уредување на зелените површини и изградба на нови детски игралишта.

Ѓорѓиевски вели дека со реализацијата на проектот овој дел од Бутел ќе добие нов и функционален простор за жителите, особено за семејствата и децата.

„Она што со години беше само ветување, денес е речиси целосно реализирано“, порача градоначалникот, додавајќи дека со проектот чекор по чекор се менува Бутел и се создава поуредно Скопје.